Вчера околу 17.20 часот е пријавено дека на улица „Индира Ганди” во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор.
Околу 19 часот на истата улица се собрала поголема група граѓани и тогаш наишло патничко моторно возило “Хјундаи галопер” во кое се наоѓале А.Р.(34) од Скопје и Ф.К.(24) од село Долно Блаце, скопско, полициски службеници кои не биле на работа и Б.К.(39) исто така од село Долно Блаце при што истите биле нападнати од насобраните граѓани.
На Ф.К. и Б.К. им биле нанесени тешки телесни повреди и биле пренесени во Градска општа болница “8-ми Септември” и комплекс клиники “Мајка Тереза”.
На А.Р. му биле констатирани телесни повреди. Со телесни повреди се здобил и полициски службеник кој преземал службени дејствија на местото на настанот.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот. Во текот на вчерашниот и денешниот ден (до објавувањето на извадокот) нема пријава за исчезнато или грабнато лице од ниту едно семејство на подрачјето на Скопје.