Денеска во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата „За подобра Македонија“ поднесоа интерпелација за работењето на министерот за надворешни работи Никола Димитров бидејќи како што рече координаторот на пратеничката група Никола Мицевски сметаат дека Димитров функцијата министер за надворешни работи ја извршува несовесно, нестручно и спротивно на македонските интереси.
Уште на самиот почеток од мојот говор сакам да потенцирам дека денешната интерпелација се однесува на единствениот министер во историјата на независна Македонија што на таков дрзок и препотентен начин ја навреди македонската нација. Имено, Никола Димитров од оваа говорница без никаков срам македонската нација ја нарече комплексирана и сето тоа заради тоа што македонците не сакаат да се промени името на државата, вели Мицевски.
Координаторот Мицевски нагласи дека Димитров со неговата изјава дека македонскиот народ е искомплесиран ги навредил Македонците, додавајќи дека со ваквите дрски изјави го нарушил угледот и достоинството на македонската нација, а со тоа ја обесчестува и самата функција министер.
Со ова тој го наруши угледот и достоинството на македонскиот народ, целата нација, но и на Република Македонија. За нас е недозволиво и неприфатливо министер за надворешни работи на ваков низок начин да ги навредува граѓаните на оваа држава.
Димитров го урива угледот и достоинството, и ја обесчестува функцијата министер за надворешни работи, истакна тој.
Според Мицевски првиот голем пораз на Димитров бил штетниот договор за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, појаснувајќи дека со ова Македонија многу повеќе изгуби, отколку што доби.
Договорот кој Димтиров го направи со Република Бугарија е целосно асиметричен и на штета на Република Македонија. Преку овој договор Република Македонија се обврза на нелогични и потценувачки отстапки додека Бугарија нема речиси никакви обврски.
Договорот за добрососедседство со Република Бугарија има сериозни пропусти. Со овој договор ние се согласивме да ги менуваме учебниците, нашата историја и нашата култура, појасни Мицевски.
Вториот пораз на министерот Димитров бил Договорот со Преспа каде што се менува името на Република Македонија, а со тоа и се промени идентитетот, јазикот, културата и историјата на државата. Како што смета ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овој договор не е успех за Република Македонија туку нејзин пораз.
Со овој договор Република Македонија се откажа од своето уставно име под кое беше признаена од повеќе 130 земји во светот, нешто за кое што работеле многу поранешни министри за надворешни работи и претседатели. Овој нивен труд пропадна во вода со потписот на Никола Димитров на овој штетен договор. Овој договор не е успех за Република Македонија. Овој договорот е поразителен за Република Македонија, рече Мицевски.
Тој додаде дека преспанскиот договор е спротивен на Уставот на Република Македонија и на национални и државни интереси. Односно како што рече тој владата на СДСМ со овој договор не само што го променвте уставното име, туку се откажавте од македонското малцинство во соседните земји.
Ја променивте преамбуалата и се избриша државно правниот континуитет на Република Македонија, Крушевската Република и АСНОМ, кажа Мицевски.
Мицевски го потсети Димитров и параменарното мнозинство зошто тој треба да биде разрешен од функцијата министер за надворешни работи, истакнувајќи дека тој и Заев ги убедувале граѓаните дека ќе се зачува македонскиот идентитет и јазик, се додека лично не испратле Вербална нота до грчкото Министерство за надворешни работи во која се потврдува дека македонско, македонски, macedonian не се етничка или национална припадност туку само државјанство. Односно дека јазикот како што е споменато во договорот и е признат на конференцијата на ОН во 1977 година, припаѓа на групата јужнословенски јазици.
Ако бевте толу конзистентен зошто во тој допис не го напишавте она што го говорите овде во Македонија. Дека Грција конечно го признала македонскиот идентитет и јазик. Кого лажете? Нас или Грците?, праша Мицевски
На крај Мицевски ги повика пратениците од парламентарното мнозинство да ја поддржат оваа интерпелација и со тоа да се обидеме да ставиме крај на времето на Димитров и да не дозволиме во иднина слични вакви недолични и понижувачки поведенија од кој било министер, од било која влада, кон граѓаните, народот и нацијата на Република Македонија.