Живот 30.01.2019 01:44

Овој алкохолен пијалок може превентивен да влијае против одредени болести

Овој алкохолен пијалок може превентивен да влијае против одредени болести

Кардиолозите тврдат дека редовно и умерено консумирање на црвено вино може да биде превентива против кардиоваскуларните заболувања, па дури и некои видови рак.
Во последниве години, често се зборува за тоа дека умерено пиење на вино е добро за здравјето.

Научниците потврдиле дека црвеното вино (кај нас наречено “црно”) го намалува ризикот од срцеви заболувања, штити од мозочен удар, го спречува ракот на панкреасот, па дури и дејствува против опасни бактерии како што се салмонела, ешерихија коли и листериоза. Некои вина се всушност поздрави од другите, но тврдењето дека сите вина се здрави, во било која количина, сепак, е само мит.

Кардиолозите тврдат дека редовното и умереното консумирање на црвеното вино ја намалува количината на холестерол во крвта и го нормализира крвниот притисок. Особено се истакнува салицилната киселина, која не само што ги разградува маснотиите и го намалува нивото на холестеролот во крвта туку, и ги раствора честичките во крвта. Токму на тој принцип се спречува затнувањето на артериите. Литар вино содржи околу 60 mg салицилна киселина, што е два пати повеќе од дневната доза аспирин која лекарите ја препорачуваат како заштита од болести на срцето.

Виното има и релаксирачко дејство врз човечкиот организам. Овој ефект се постигнува благодарение на завидната количина на калциум, која во еден литар вино може да биде од 50 до 140 mg, како и магнезиум, чија концентрација во еден литар го има од 40 до 120 mg. Заедно со некои количини на витамин Б и Ц, овие минерали се важен антистресен фактор.

Добрите страни на вината се многубројни, а само една од нив нѝ ја подобрува меморијата. Научно е докажано дека жените во третата фаза, кои само еднаш неделно пијат вино, се со побистар ум и дека имаат подобра меморија. Исто така, виното го спречува формирањето на згрутчување на крвта, воспалителни процеси на крвните клетки, кои се главна причина за кардиоваскуларните болести.

Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат една чаша вино на ден се потенки од оние кои пијат вино повремено и во големи количини. Всушност, сите оние кои умерено уживаат во виното имаат потенка половина и помалку масти на стомакот, задникот и колковите. Исто така, алкохолот од виното го поттикнува телото побрзо да согорува калории. Но консументите на виното треба да се грижат за количината, бидејќи повеќе од една чаша може да им ги зголеми килограмите.

Жените кои пијат секојдневно чаша вино имаат поцврсти и погусти коски од оние кои воопшто не пијат вино. Всушност, алкохолот во умерени количини го зголемува нивото на естрогенот, кој го забавува трошењето на коските што се случува со возраста. Значи, ако се пие со мерка, виното не само што ќе нѝ го врати младешкото чувство и виталност, туку и ќе нѝ го продолжи животот и ќе го направи поквалитетен!