Портпаролот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во вечерашното издание на дебатната емисија „Клик Плус“ потенцираше дека недовербата во Договорот од Преспа, граѓаните ја демонстрирале на денот на референдумот кога процениле дека тој е штетен за интересите на државата.
-Да се потсетиме дека референдумот за промена на името беше неуспешен, односно власта не успеа да го исполни цензусот, но и покрај тоа власта го протурка Договорот од Преспа спротивно на волјата на граѓаните, рече тој.
Арсовски посочи дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ пред референдумот бил јасен, додавајќи дека за вакво национално, надпартиско прашање, граѓаните го имаа последниот збор.
-Целата јавност доволно можеше да процени дали овој договор е штетен или не. Тоа ви го демонстрираше и на денот на референдумот. Граѓаните не ви ја дадоа поддршката. За вакво национално прашање, над партиско, граѓаните треба да одлучат сами. Тоа и се случи. Ние ги повикавме граѓаните да одлучат по сопствено убедување. Граѓаните не му веруваат на овој договор што го склучи СДСМ со Република Грција и затоа не им ја дадоа поддршката. И покрај сите оние притисоци, вели Арсовски