Фејсбук (Facebook) за петнаесет години од формирањето направи големи чекори во “поврзувањето” на светот, но притоа направи и големи грешки каде некои од неговите следбеници ги “претвори” во гласни критичари.
Оваа социјална мрежа е формирана на 4 Февруари 2004 година во собата на Марк Цукерберг на Харвард, а од тогаш постигна незамислив успех, привлекувајки 2,3 милијарди корисници кои ја користат оваа платформа за размена на информации и вмрежување.
Во моментов, таа е критикувана поради тоа што е повеќе фокусирана на раст отколку на заштита на корисниците. Минатата година, мрежата беше вклучена во серија скандали поврзани со заштита на податоците и кршењето на приватноста.
Од Фејсбук само Гугл има повеќе приходи од реклами на интернет.
Фејсбук е сопственик на апликациите на Instagram, Messenger и Whatsapp, коj секојa има повеќе од една милијарда корисници.
Цукерберг (34) продолжува да го брани својот бизнис модел и тврди дека Фејсбук не ги продаде информациите на неговите клиенти и дека може да му се верува. Компанијата има вложено милијарди долари за безбедност и има повеќе од 30.000 луѓе кои работат само на тоа.
И покрај овој “скандал” минатата година, Фејсбук имаше рекорден профит од 22 милијарди евра. Според постоечките податоци, 46,7 проценти од корисниците, или повеќе од 23 проценти од светската популација, го користат Фејсбук.