-Република Македонија можеше да се најде на столчето на коешто се наоѓа денес, но тоа можеше да се случи на подостоинствен начин, односно доколку бевме единствени околу одредени национални цели, истакна Манојловски. Тој потенцираше дека во целиот процес на преговори требало да се постават црвени линии, при што целиот процес околу овие преговори придонесе за една поделеност помеѓу граѓаните на Република Македонија.
-Доколку опстоевме на националните ставови верувам дека ќе имаше подобро и посоодветно решение, додаде Манојловски.