Во своето вчерашно соопштение, Изламската верска заедница се огласи по повод екстремната либерализација на абортускот предложен од премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче.
Нивното соопштение го пренесуваме во целост:
Во врска со предлог законот за прекинување на бременоста (абортусот), предложен од Владата на Македонија.
Професионалната служба за верски прашања на Ријасетот на ИВЗ со посветеност ја следи дебатата во врска со предлог законот за прекинување на бременоста (абортусот), предложен од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Верска заедница на РСМ, потпирајќи се на автентични исламски аргументи (Kуран-Сунет), како и во консензусот на исламските правници на сите времиња, за Владата на РСМ го дава следното појаснување.
Абортусот, според автентичните исламски извори и според консензусот на исламските правници, не се смета за општествено решение, освен ако тоа е неопходно.
Ставот на исламот во врска со абортусот е следниот:
Престанок на бременоста (абортус), според исламот, може да се направи до 120 дена од денот на бременоста (четири месеци). Абортусот до истекот на овој временски рок, се третира како прашање на совеста, а абортус по 120-от ден се смета за незаконски незаконски и како таков, се смета за кривично дело, што значи дека надлежниот орган е должен да поднесе кривична пријава, како за лекарите кои го вршат абортусот, така и за жената која абортирала.
Причината за забрана на абортусот после овој период (120 дена) е поради тоа што детето после овој период се чувствува живо и му се гарантира правото на живот, што значи дека нападот врз него е напад врз животот.
Затоа сметаме дека членот 8, став 1, кој гласи: “Прекинувањето на бременоста може да се направи и после 12 недели (84 дена) до 22-та недела (154 дена), врз основа на писмено барање, кое го доставува бремената жена … ” е во спротивност со основните исламски принципи и, како таков, не може да биде прифатен од муслиманите.Абортусот кој треба да се направи пред овој период (пред 120 дена) мора задолжително да биде со целосна согласност на двете страни (на жената и на мажот), од кои е формиран плодот, затоа што во спротивно имаме повреда на основните права. Прифаќање на абортусот само со согласност на бремената жена, без согласност на брачниот другар, како што е споменато неколку пати во предлог законот, како што се членовите 2, 3, 4 итн. не се совпаѓа со општите принципи на правото, а уште помалку со принципите на исламската јуриспруденција, така што и ова е неприфатливо.
Абортус по 120 дена може да се направи само кога животот на мајката е во опасност, а тоа е докажано од страна на сведочењето на стручни лекари од соодветните области и со согласност на двете страни (на мажот и на жената). Се проценува вака затоа што кога се работи за живот на мајката или детето, животот на мајката има поголем приоритет да биде заштитен. Имајќи предвид дека голем процент од населението припаѓа на исламската вера, очекуваме ова објаснување да се земе предвид, бидејќи така би придонеле за доброто на мајката и на детето