Економија 28.02.2019 13:50

Река ја потврди кандидатурата за претседател

Река ја потврди кандидатурата за претседател

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река на неговиот профил на Фејсбук ја потврди веста, која утрово се ширеше по албанските медиуми, за својата кандидатура за претседателските избори во нашата земја.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија; со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава; и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците; интелектуалците само пишуваат за историјата, напиша професорот Река во својот профил.

Инаку, како што дознава весникот „Коха“, професорот Река, се очекува да ја добие поддршката на Алијанса за Албанците и на Движењето Беса.

Најнови вести