Вчеравечер околу 23:30 часот, во Сeкторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол, пренесе телевизија 21.
Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв.
Во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.
Полицискиот службеник Н.Х. задржан е во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.