Никој во државата не беше овластен, немаше мандат да потпишува таков договор во смисла на тоа дека предмет на договори со Грција под капата на ОН беше името на државата, но не и дефиниција на македонскиот идентитет, воведување на два идентитета, еден во Македонија, еден во Грција. Понатаму, извесна подреденост на државата Република Македонија или Република сега Северна Македонија, вели академик Катица Ќулавкова во вечерашното гостување во емисија Само вистина на Канал 5.
Според Ќулавкова со Преспанскиот договор како држава ќе мораме да бараме мислење и одобрување од страна на Грција со што на тој начин ни е нарушен државниот суверенитет.
Со тој договор исто така има еден рестрективен однос по однос на некои прашања како што е македонскиот јазик, тој се признава ама се дефенира како дел од групата на словенски јазици. Ние македонскиот јазик го имавме признато во личната карта на ОН досега и таму и ние знаеме дека тој е дел од јужнословенските и словенските јазици, но сепак мислам политички договор нема зошто да го одредува така во една класифицирана форма, истакна таа.