Актуелно 07.06.2018 12:49

Катастрофални резултати, растот на БДП во првиот квартал е само 0,1 % – Владата нема визија и стратегија како да ја води економијата

Катастрофални резултати, растот на БДП во првиот квартал е само 0,1 % – Владата нема визија и стратегија како да ја води економијата
red arrow pointing downwards showing crisis

На официјалната страна на Државниот завод за статистика излегоа информациите за растот на БДП во првиот квартал. Имено, според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2018 година е 0.1 %.

Ова се катастрофални резултати, исто како и лани во првото тримесечје од годината каде растот на БДП беше 0 %.    Економистите велат  дека ова се должи на слабата економска активност и намалувањето на градежништвото и сите други гранки во македонската економија. Понатаму, и реализацијата на капиталите инвестиции во првото четиримесечје беше под 11% што исто придонесе за слаб резултат во првиот квартал што се однесува до БДП.

Експертската јавност предупредуваше дека вака слабото работење на новата влада ќе се одрази на економијата и на стандардот на граѓаните. Колку за споредба БДП во првите квартали бил значително повисок од 2013 до 2016 година. Така во првиот квартал во 2016 година БДП имал раст од 2% додека во 2015 година за истиот квартал растот бил 3,2% . Во 2014 годин пак растот на БДП за првиот квартал изнесувал високи 3,9 % а во 2013 година македонската економија имала раст во првите три месеци од 2,9 %.

 

БДП за 2016

1Q 2Q 3Q 4Q
2% 2,2% 2,4% 2,4%

 

БДП за 2015

1Q 2Q 3Q 4Q
3,2% 2,6% 3,5% 3,9%

 

БДП за 2014

1Q 2Q 3Q 4Q
3,9% 4,3% 4,1% 2,7%

 

БДП за 2013

1Q 2Q 3Q 4Q
2,9% 3,9% 3,3% 3,2%

 

Македонската економија доживува катастрофално слаби резултати. Експертите велат дека ако се продолжи со вака слабото темпо на работење, БДП и во наредниот период нема да бележи добри резултати а тоа значи уназадување на економијата и пад на и онака нискиот стандард во државата.  Тие стравуваат дека со вакви резултати тешко дека ќе се постигне проектираниот раст на БДП за 2018 година.