Лилјана Затуроска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на денешната седница истакна дека е разочарана од страна на министрите поради нивна неодговорност бидејќи поголем дел од прашањата на пратениците кои се доставени по писмен пат не се одговорени.
-Замислете има неодговорено 26 писмени доставени прашања за пратениците од вкупно 16 колеги пратеници. Сметам дека ова е една алармантна бројка и тоа само го покажува несериозниот пристап на министрите од владата кон законодавниот дом, појасни Затуроска.
Затуроска рече дека нема да ги прозива министрите кои што не одговориле на писмените прашања на колегите, но тоа ќе го направи следниот пат, доколку оваа пракса од страна на министрите и понатаму продолжи.
-Сакам да напоменам дека исто така освен прашања кои што не се одговорени, а се поставени од пред 2 или 3 месеци, има прашања кои не се одговорени од декември 2018 година. И треба да се реагира до министрите поради овој несериозен приистап, нагласи Затуроска.