Јапонскиот производител на автомобили Тојота најави дека ќе инвестира милијарда долари во интернет-такси компанијата Граб, која е една од најголемите
компании од тој вид во Југоисточна Азија. Вредноста на Граб се проценува на 10 милијарди долари. Тојота не е прва автомобилска компанија која инвестира во новоформираните такси компании како Граб. Џенерал Моторс поседува дел од Лифт, а Тојота веќе има соработка со Убер. Се очекува дел од соработката меѓу Тојота и Граб да биде насочена за развој на самоуправувачки возила и други мерки кои ќе ги намалат трошоците во такси превозот.