Економија 15.06.2018 11:15

Кинеската економија забави во мај

Кинеската економија забави во мај

Кинеската економија забележа забавување во мај поради затегнување на кредитите и заканите од трговска војна, објавија светските агенции.

Индустриското производство се зголемило за 6,8 отсто на годишна основа во мај, што е забавување на темпото спрема објавеното зголемување од 7 отсто во април и е под очекувањата на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“ (7 отсто).

Инвестициите во фиксен капитал се зголеми за 6,1 отсто на годишна основа во периодот јануари-мај и тоа е најслабата стапка на пораст од 1999-та година и почетокот на водење на статистика за овој индикатор според „Bloomberg“.

Продажбата на мало, барометарот за трошење на домаќинствата, се зголеми на 8,5 отсто во мај на годишна основа во мај, објави кинескиот Национален институт за статистика. И овој показател е под резултатите забележани во април (+9,4 отсто) и март (+10,1 проценти), како и e помал од очекувањата на експертите, кои прогнозираа благо зголемување во мај.

Наспроти ова, кинеската централна банка денес одби да ја следи одлуката на ФЕД за да ги зголеми своите водечки каматни стапки. Спротивно на очекувањата кинеската централна банка не ја зголеми каматата за краткорочното кредитирање и ја остави без промена стапката при која таа обезбедува финансирање на комерцијалните банки.

Кина продолжува да биде загрозена од царинските давачки на САД за стоките што ги увезува во САД.

Најнови вести