Без разлика дали гледаш фудбал со друштво или се спремаш за шетање на егзотична плажа, погрижи се оваа летна сезона да изгледаш и да се чувствуваш одлично!
Овие 5 лесни и брзи чекори ќе ти овозможат глатко возење низ летото, како и да планираш да го поминеш.
Хидрирана кожа
Тоа не значи само редовно и континуирано пиење на доволни количини вода. Поради засиленото зрачење на сонцето во овој период е потребно да внимаваш и твоето тело да е добро заштитено со крема со УВ заштитен фактор.
Не се плаши, ова не значи дека треба да сјајеш со 3 слоја крема каде и да се појавиш, доволно е да намачкаш хидратантна крема која брзо се впива наутро пред да излезеш од дома и пред излегување на сонце доколу тоа го правиш во периодот од 12 до 16ч попладне.
Средено тело
Влакненцата низ целото тело можат да предизивикаат засилена непријатна миризба за време на повисоките температури, затоа погрижи се ова лето да ги снема, лесно и брзо! Линијата на тримери за тело на Philips ти нуди можност да ги отстраниш несаканите влакна од целото тело, едноставно, брзо и без воспалувања на кожата.
Системот за удобност на кожата ги дофаќа и ги пресекува влакната со различна должина без пореба од разновидни алатки и без контакт со кожата со острите рабови.Покрај тоа, има двостран дизајн со кој можеш лесно да се префрлаш помеѓу функциите потстрижување и бричење, со минимален напор.И знаеш што е уште една супер работа? Можеш да го користиш и под туш! Сите функционалности на Philips тримерите за тело можеш да ги погледнеш тука.
Средена брада
Со или без брада за време на летото е една од нашите најчести дилеми. Од една страна изгледа тооолку добро, од друга, бара активно одржување и многу внимание особено во летниот период.
Нашиот совет е: да, брада, но само онаа која е внимателно средена и одржувана. Тука повторно на помош ни доаѓа Philips. Нивната серија на тримери за брада овозможува лесно и брзо потстрижување на брадата, мустаќите и бакембардите, за кусо време и без неред!
Во целата линија на Philips тримери за брада е вградена Lift & Trim технологија, иновативно решение на Philips каде со помош на нтегрираниот чешел се подигаат и се насочуваат влакненцата во оптималната позиција за сечење, за лесно обликување.
Спомнавме и дека нема неред, оваа кул опција е застапена кај моделот BT7210 и се должи на вградениот вакумски систем во самиот апарат, каде со технологијата за моќна вшмукувачка сила, можеш да собереш до 90% од влакненацата. Нема веќе неуредно лабаво, или дополнително време за расчистување, сè е средено паралелно со бричењето.
Уште една добра работа е што овој тример за брада можеш да го носишсекаде и користиш цело лето, без разлика дали се спремаш за одмор, или касниш на работа па мораш да ги направиш последните подготовки во брзање, батеријата издржува 120 минути со секое полнење. Со 20 степени за подесување на должината на влакната, дури можеш и да го менуваш својот стајлинг, од недела во недела.Сите функционалности на Philips тримерите за брада можеш да ги погледнеш тука.
Здрава исхрана
Погрижи се за својот изглед однадвор, но внимавај и што внесуваш во твоето тело. Здравата исхрана е многу значајна, особено во летниот период. Веројатно веќе си прочитал многу статии во кои се советува внесување на доволна доза на витамини и броење на калории секој ден. Знаеме дека тоа може да биде навистина тешко, па затоа, нашиот главен совет тука е – направи баланс.
Доколку ја поминеш вечерта во кафана со друштво, утредента потруди се денот да го започнеш со свежо цеден сок и лесен појадок. Доколку планираш обилен ручек, нека вечерата ти биде салата. Уживај сè што ти се допаѓа, но умерено. И секако, не заборавај на првиот чекор, мнооогу вода!
И уште нешто…
Знаеме дека во текот на летото сакаш вистински да се препуштиш на уживање и да не губиш многу време ниту во подготовки, ниту пред огледало. Затоа, како последен совет ти ја предлагаме серијата на мулифункционални тримери на Philips- алатки кои ти овозможуваат да се грижиш за брада, лице и тело, со еден апарат, лесно и ефикасно!
Мултифункционалните тримери на Philips содржат Dual Cut технологија, што значи двојно повеќе ножеви од стандардниот тример. Овие ножеви нежно се допираат при бричењето и со тоа го зголемуваат својот рок на траење, остри се како да се нови дури и по 5 години користење. Карактеристиките на Philips мултифункционалните тримери можеш да ги погледнеш тука.
MG7720 е нашиот фаворит од серијата мултифункционални тримери на Philips. Дека е навистина мултифункционален, докажуваат 14те алатки за потстрижување кои доаѓаат во комплет со апаратот. Шест додатоци за бричење и потстрижување – метален тример, бричалка за тело, прецизна бричалка, метален тример за детали, тример за нос и уши, додаток за заштита на кожата на телото, како и 8 чешли за поткастрување на влакната од лицето, косата и телото.