Ментална стабилност е ретка тема во било која компанија. Всушност, таа е толку важна, што го определува целиот работен ден на индивидуалецот. Менталната стабилност може да ја зголеми продуктивноста, а нестабилноста може да има голема последици како врз индивидуалецот така и врз околината и бизнисот.
Најчестите симптоми на ментална нестабилност се брзи промени нa расположението, нивото на енергија и активност и премногу брзо/споро извршување на секојдневните активности. Ова се вика биполарна растроеност.
Овие луѓе или се еуфорични и оптимистични или упаѓаат во посериозни депресии. Ова се карактеристики и на претприемачите, затоа што на крајот од денот, овие луѓе знаат да превземат и голем ризик. Поради тоа, оваа состојба е позната како “растроеност на генерални директори”.
Во просек, овие индивидуалци заработуваат 43% помалку од останатите вработени. Но, секогаш се први кога треба да се промени работното место. Не сакаат долго време да бидат врзани за едно место, за една работа и работна атмосфера. Монотонијата е тоа што ги плаши, па спремни се да ризикуваат повеќе од другите.
Луѓето кои имаат биполарна растроеност, доколку се директори на компании или имаат своја компанија, во просек, заработуваат 18% повеќе од целата популација.
Оваа растроеност може да се контролира. Иако, многу психијатри ја сметаат за болест и ја лекуваат, професори од Универзитетот Стенфорд, тврдат дека единствениот начин да го контролирате умот, е самоконтролата која секој мора да ја научи. Тие тврдат дека биполарната растроеност не може да се третира како болест, бидејќи сите ја имаат, но кај поединци е многу поизразена.