Актуелно 26.06.2018 11:46

Трипуновски: СДСМ е катастрофа за земјоделието, доматите се продаваат за мизерни 5 – 7 денари по килограм

Трипуновски: СДСМ е катастрофа за земјоделието, доматите се продаваат за мизерни 5 – 7 денари по килограм

СДСМ е непогода за земјоделието. Повеќе од една година како СДСМ е на власт, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа, ова денеска на прес конференција го истакна Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Раноградинарските култури имаат историски најниски откупни цени. Во моментов доматите се откупува по 5 до 7 денари за килограм. Пласманот е слаб, а земјоделците едвај сами се снаоѓаат да го продадат произведеното по мизерни цени. Ова е вистинска катастрофа, ова е недозволиво. Владата го занемари земјоделието и ги остави земјоделците да се борат за својата егзистенција. Зоран Заев ветуваше сигурен пласман и повисоки откупни цени на земјоделските култури. Сега не само што нема загарантиран пласман, туку и тој  што го имаше го нема, сега не само што цените се пониски, туку се пониски од било кога. Зоран Заев се што кажа излажа. Градинарските култури земјоделците се принудени да ги  продаваат под производна вредност, а владата воопшто не реагира, потенцира Трипуновски.

Тој додава дека Зоран Заев си поигра со земјоделците. Нема ниту интервенција од државата, ниту има отворено нови пазари. Затоа земјоделските култури наместо на пазар се принудени да ги фрлат на  буниште.

-Наголемо најавуваниот интервентен фонд, е целосна лага. субвенциите се  намалени, а зелената нафта е уште една лага во редицата. Земјоделците се излажани и изманипулирани. Повеќе од една година откако СДСМ е власт, земјоделието секојдневно тоне. СДСМ е на власт а земјоделието тоне. Во пресрет на овогодинешната жетва предупредуваме за се уште нерешениот проблем со неутврдената цена за откуп на пченицата. Нерешавањето на овој проблем во услови на секојдневни дождови ќе го уништат и упропасти и она што остана на полето. СДСМ  не знае да работи. СДСМ  е вистинска непогода  за земјоделието. СДСМ мора да си замине. Земјоделците заслужуваат подобро. Земјоделците заслужуваат достоинствени цени и сигурен пласман. СДСМ не смее да си поигрува со земјоделците и нивните семејства. Оваа власт мора да си замине, за Македонија да продолжи напред.