Неисполнувањето на ветените плати од страна на Владата ги врати вработените од фабриката „Еурокомпозит“ на улица.
Вработените имаат шест заостанати плати и неплатени придонеси за пет години.
Велат неисплатените заостанати плати и малиот надоместок од 7 илјади денари е причината за генералниот штрајк. Повеќе од 100 вработени требало да одат како технолошки вишок во јануари, но се уште не е почната никаква постпка. Бараат државата да го реши и нивното прашање.
Фабриката има договори за работа со странски фирми и соработка со МВР.
Вработените се жалат дека проблемот е долгогодишен и дека очекуваат нивната агонија да заврши во најкраток рок. Еурокомпозит има околу 300 вработени и околу 3 милиони евра заостанати долгови, главно, придонеси за работниците.