Група истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс (MIT) дојдоа до откритие што во иднина може да ги реши недостатоците на вода во суви региони, пишува The Next Web. Новата направа на MIT, според предлог концептот кој бил предложен минатата година, користи метални органски честички (MOF) преку коишто со помош на соларна енергија може да се добие вода за пиење од пустински воздух.
Научниците и порано можеле да добијат вода од воздух, но функционирањето на тие апарати зависи од влажноста или износот на влага којашто е присутна во атмосферата. Традиционалните системи бараат повеќе од 50% влажност како и методи на ладење, пумпи, компресори коишто користат повеќе енергија и
бараат одржување. За разлика од нив направата на MIT може да “вади“ вода во воздух со 10% влажност и да црпи енергија од соларни панели. Тимот на истражувачи моментално се соочува со предизвикот да ја зголемат ефикасноста на нивната направа. Доколку успеат, имаат шанса да произведуваат околу 13 илјади милијарди литри вода од атмосферата во било кое време. Таа количина на вода е еквивалентна на околу 10% од целата слатка вода во реките и езерата низ светот.