Министерот Љупчо Николовски продолжува бесрамно да ги лаже земјоделците, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој не гледа проблем ни кога цената на бостанот се движи од 2-3 денари кога се враќаат пратки со домати од странство, заради карантински болести, а на повидок е повторно враќање на голема количина со праски. Уште една голема лага се дополнителните средства за доматите кои ќе се носат на преработка во преработувачките капацитети ако се знае дека голем дел од нив почнуваат со работа кон крајот на август и почетокот на септември. Николовски има амнезија и за ветувањата кои им ги има дадено на земјоделците. Тој вети дека 15 дена пред откупот ќе ги објавува и ќе ги гарантирате откупните цени и на откупувачите и на производителите, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека земјоделците не се должни да ги трпат празните ветувања на Николовски и Заев.
-Земјоделците се понижени, а нивното достоинство згазено. Државата и земјоделството тонат на секој можен поглед. Николовски е крајно неспособен и нема капацитет да го води Министерството за земјоделство. Оваа неспособна и ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.