Подготвената од САД царина за кинески стоки ќе наштети на бизнисот во целиот свет, бидејќи стоките за 20 милијарди долари од овие за 34 милијарди долари кои ќе бидат оданочени, се произведени од страна на странски компании во Кина. Ова го изјави кинеското Министерство за трговија, според кое меѓу погодените компании исто така ќе имаа американски.
„САД отвора оган против светот, вклучувајќи и кон самите себе“, рече портпаролот на Министерството Гао Фан, цитиран од „Wall Street Journal“.
Тој не одговори на прашањата за тоа дали Кина ќе одговори со акција против кинеските компании, но посочи дека Владата ќе работи за ублажување на влијанието од трговската војна на странските компании кои развиваат бизнис во земјата.
Од полноќ во петокот, на 6-ти јули, новите царински регулативи против кинеските производи треба да влезат во сила во САД. За возврат, се очекува Пекинг да одговори со реципрочни обвиненија откако ќе стапат во сила мерките во Вашингтон. Меѓу засегнатите американски стоки се спортски автомобили, соја и други култури.
Од Пекинг неколкупати се посочи дека немаат намера да го направат првиот „истрел“ во трговскиот конфликт, но рекоа дека ќе одговорат ако САД не се откажат од намерата да ги напаѓаат со давачките. Во исто време, администрацијата во Вашингтон се заканува дека ако реагира Пекинг, ќе се воведат повеќе даноци, но овој пат на стоки за 400 милијарди долари.
„Позицијата на кинеската влада постојано се наведува. Ние апсолутно нема да го направиме првиот „чекор“ и нема да наметнуваме царински мерки пред тоа да го направи САД“, посочуваат уште од Министерството за економија, цитирани од „Ројтерс“.
Претходно, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лу Кан, рече дека неговата земја е веќе подготвена да дејствува, иако не потврдува кога ќе биде.
„Кина веќе се подготвува“, изјави Лу, кој додаде дека Пекинг ќе ги донесе потребните мерки, за да ги „заштити решително своите легитимни интереси“.
Според американскиот претседател Доналд Трамп царините се потребни за да се принуди Кина да се откаже од – според него, неправедните трговски практики, што доведуваат до трговски дисбаланс со САД.