Првите две деца, од групата на 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер заробени во пештерата во Тајланд, безбедно се извлечени на површината, изјавил службеник од спасувачките операции за Ројтерс. Момчињата беа заробени 16 дена во пештерскиот комплекс исполнет со вода поради обилните врнежи.
„ Двете деца моментов се наоѓаат во адаптираната болница во близина на пештерата.изјави шефот на здравствените служби во провинцијата .
Со секое дете има по двајца нуркачи кои се поврзани со јаже. Останатите треба да бидат извлечени во групи, а во последната ќе биде тренерот.