Актуелно 09.07.2018 15:42

Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

Ново поскапување на цените на нафтените деривати. Од вечерва на полноќ цената на бензните се зголемува за денар а дизелот за половина денар.

09.07.2018 14:57:09

 Ново поскапување на цените на нафтените деривати. Од вечерва на полноќ цената на бензните се зголемува за денар а дизелот за половина денар.

Според одлуката на регулаторната комисија новата цена на еуросупер бс-95 ќе изнесува 72 денари, на еуросупер бс-98 ќе изнесува 74 денари.  Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство по 52,50 денари за литар. А се зголемува и цената на мазутот. новите цени важат во следните две недели.