Економија 11.07.2018 14:12

САД со нови царини за Кина

САД со нови царини за Кина

Кинеското министерство за трговија денеска ги криткуваше плановите на САД да воведат царини на дополнителен увоз на стоки во вредност од 200 милијарди долари, нерекувајќи го тоа како неприфатливо. Притоа Пекинг вети соодветен одговор за да ги одбрани своите национални интереси.

„Кинеската страна е шокирана од акциите на САД. Со цел да ги одбрани важните држави интереси и основните интереси на народот, кинеската влада, како и секогаш, ќе одговори со неопходни контрамерки“, стои во соопштението објавено на веб страницата на Министерството.

Нарекувајќи го однесувањето на Вашингтон како „ирационално“, Пекинг предупреди дека Вашингтон со заштитните мерки најпрвин си наштетува себе си и врши постојан напад на слободната треговија.

Пекинг во исто време ја повикува меѓународната заедница да работи заедно со цел да се заштитат правилата за слободна трговија и мултилатералниот трговски систем и заеднички да се спротистават на американската „трговска хегемонија“.

Администрацијата на Трамп вчера обелодени листа на кинески извоз вреден 200 милијарди долари за кој планира да наметне царини од 10 проценти. Мерката ќе биде уште еден чекор кон тоа што Пекинг го нарекува „најголема трговска војна во економската историја“, откако Вашингтон на 6 јули воведе царини во висина од 25 проценти за кинески увоз на стоки во вредност од 34 милијарди евра.

На таа мерка Кина одговори со иста противмерка.

Најнови вести