Минатата година Боро Стојчев стана градоначалник а синоќа заврши во полиција.
Денеска јавноста дозна дека Стојчев е уапсен под обвинение за шверц со цигари. Бил приведен синоќа додека бил заедно со неговата сопруга, синот и уште еден соучесник.
За време на полициската акција имало и вооружена престрелка a sпоред првичните информации биле запленети два џипа со цигари.
Тој во имотниот лист не пријавил ниту автомобили, ниту куќа на негово име а од недвижен имот има земјиште во Ново Коњарево, кое според анкетниот лист го стекнал од наследство.
Стојчев кој дел од петмината уапсени во полициската акција, пријавил дека во Ново Коњарево има куќа, која е на име на неговите деца и истата е проценета на 25 милиони денари, од 1.100 метри квадратни, исто така стекната од наследство.
Како што се забележува од анкетниот лист Стојчев на свое име пријавил лизинг, на име на брачниот другар 70 сандаци со пчели, а на име на родителите 71 крава.
На свое име нема возило ама затоа на име на брачниот другар пријавил две.
Ландровер дискавери и Митсибуши галопер, на име на деца, уште едно Митсибуши, а на име на родителите две возила Сузуки. На име на родителите и брачниот другар Стојчев пријавил земјиште.
Извор: Фактор