Годинашното издание на фестивалот „Егзит“ е во знакот на слободата, па затоа беше проследен со песната „Слобода“, на чии звуци целата публика почна да ракоплеска и да игра.
Главна ѕвезда на отворањето беше светската балетска ѕвезда, Сергеј Полунин, чиј настап предизвика воодушевување кај публиката.
По неговиот настап, на небото над Петроварадин имаше огномет, а на главната сцена настапија Fever Ray и познатата музичка група „Мигос“.