Кинеското Министерство за надворешни работи денеска предупреди дека трговската војна предводена од САД стана најголемиот „убиец на довербата” за глобалната економија.
Од Министерството велат дека целиот свет ќе се побуни ако САД продолжат да воведуваат тарифи.
Според портпаролката на министерството, САД наоѓаат најразлични видови на оправдување, како што е националната безбедност.
САД и Кина воведоа тарифа за увоз на стоки во вредност од 34 милијарди долари од двете страни, но американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со нови царини ако Пекинг не се согласи да ја промени праксата во однос на интелектуалната сопственост и плановите за субвенционирање на високотехнолошката индустрија.