Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ се фатени повторно во криминал. Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски кажа дека СДСМ се фатени живи или што би рекол народот со спуштени гаќи како си ги делат парите на граѓаните. Тој потенцираше дека сега сите веќе гледаат дека акцизата и другите давачки кои што се покачени, се покачени не заради друго туку за да можат Анѓушев, Заев и останатите да имаат повеќе пари во буџетот за да си ги поделат меѓу себе и на нивните семејства и фирми.
-Веднаш откако Кочо Анѓушев стапи на функција и се изгласа оваа криминална Влада, ние константно секој ден предупредувавме дека тие имаат една и единствена цел, а тоа е само да ги танкираат и да ги дебелеа своите банкарски сметки. Последниот, од низата скандали со кој Кочо Анѓушев и други видни функционери на СДСМ земаа стотици илјади евра од Владата и си ги доделија самите на себе си, е уште еден показател колку криминална Влада ни ја води нашата државата. Кочо Анѓушев, сам на себе си преку Владата си додели 160.000 евра и со тоа го прекрши Законот за судир на интереси, дело кое според Кривичниот законик на Република Македонија е казниво со најмалку 3 години казна затвор, изјави Арсовски.
Арсовски на денешната прес конференција кажа дека вчера Кочо Анѓушев, најдрско и најбезобразно преку медиумите им порача на граѓаните дека него никој не може да го сопре да ги краде нивните пари и дека тоа ќе го прави и понатаму без да се крие и јавно пред очите на граѓаните и на медиумите.
-Го цитирам Кочо Анѓушев: “Јас во леарницата сум 16 проценти сопственик, останатото сопственици се други луѓе. Како да им кажам тие да не работат за тоа што нивниот партнер е вицепремиер? Нема да го сторам тоа. Јас не се кријам преку други фирми, кажувам како што е и понатаму нема да се кријам.” Кочо Анѓушев заборавил дека кога го гласаа во Собранието за Вицепремиер изјави дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно, ќе го почитува Уставот и законите на Република Македонија. Очигледно е дека за него не важат ниту Уставот, ниту законите. Ако ги почитувал законите, Кочо Анѓушев ќе дадел изјава за скриен судир на интереси бидејќи е еден од сопствениците на “Каст инвест” и ќе се изземеле од повикот за грант за доделување на средства од фондот за иновации. Со тоа што не го сторил тоа, Кочо Анѓушев е соучесник во сето ова и го прекршил законот, изјави Арсовски.
Арсовски уште еднаш јавно го повика Јавното обивнителство, кое според неговите зборови за жал се уште молчи, да го преземе овој случај во свои раце за да конечно Кочо Анѓушев одговара пред органите на прогонот бидејќи не му е прв пат да го прави ова.
-Тендери во ЕЛЕМ, закон за царински олеснувања за литиумски батерии и уште многу други случаеви каде што Кочо Анѓушев ги испумпува парите на граѓаните. Кочо Анѓушев, веднаш да ги врати парите на граѓаните и заедно со директорот на фонд за иновации да си дадат оставки додека траат истрагите и конечно да одговараат за своите криминални постапки. Еден ден кога судството ќе се тргне од канџите на СДСМ, сите инволвирани во овие случаеви ќе одговараат пред органите на прогонот, бидејќи кривичните дела никогаш не застаруваат. За овој криминал и начин на делење на 10,5 милиони евра одговорност мора да има и ќе има, изјави Арсовски.