Во Јоханесбург денеска почнува средбата на лидерите на групата земји од БРИКС, економии во развој во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и
Јужноафриканска Република. Заканата од се поверојатната светска трговска војна, што ја покрена амерканскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде во фокусот на агендата, пренесува МИА.
Рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпин и премиерот на Индија Нарендра Моди ќе учествуваат на тридневната годишна средба.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, исто така, ќе присуствува во својство на претседавач со Организацијата за исламска соработка. Главна тема на 10. по ред Самит би требало да биде „Соработка со цел раст и поделба на просперитет“, но постои голем ризик трговската војна повторно да преовладува во расправите.
Трговската војна меѓу големите светски сили очекувано е да има значителни влијанија на сите останати економии и голем дел од земјите во светот будно ги следат случувањата со цел да навремено реагираат и изградат стратегии за сопствените економии во новото опкружување на променети сили во доминатните релации на економските џинови.