Актуелно 27.11.2024 10:27

Мицкоски: Нашата визија е јасна- сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Мицкоски: Нашата визија е јасна- сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност

Денес зборуваме за една важна тема која со годините многу малку била предмет на една темелна- студиозна анализа, ниту пак била предмет на еден професионален пристап, а тоа е администрацијата и мерките кои треба да се превземат за поголем квалитет на услугите кои ги добиваме од неа, но и иновациите како важен предизвик на тој план.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкокси во своето обраќање на дијалогот за политики на високо ниво (HLPD) за јавната администрација во Западен Балкан.

-Ова е тема кој не само што го одредува квалитетот на услугите што ги добиваме како граѓани, туку и го обликува лицето на нашата држава. Нашата визија е јасна- сакаме јавна администрација која ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност. Која нема да биде сервис само за граѓаните, туку и партнер во градењето на идните мерки и чекори.

Мицкоски потенцира дека во изминатиот период администрацијата се соочувала со бавни просеси, недостаток на дигитализација, а понекогаш и недоволна транспарентност и отчетност, но и партизација која е отворен проблем исто како и недоволната компетентност визави приватниот сектор.

-Овие проблеми не може да ги игнорираме. Тие се реални, а за нив треба да се најде решение. Нашите цели за реформа опфаќаат дигитализација на услугите, ефикасност и професионалност, транспарентност и отчетност, намалување на бирократијата, вреднување на трудот…