Актуелно 23.01.2025 12:15

Важи амнестијата: Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски ослободени од гонење за организирање на 27 април

Важи амнестијата: Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски ослободени од гонење за организирање на 27 април

Прекинат е кривичниот прогон на Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април. Судот донесе решение, со кое посочува дека амнестијата важи за нив.

„Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени произнесување до амнестијата, се додека на минатото рочиште не даде јасен предлог дека Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не треба да се амнестираат, бидејќи за нив важел законот. Лично и како совет, се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот беше во никој случај организаторите да не се амнестираат. Но во Законот за амнестија во одредбите, има сврзник според кој Јавното обвинителство и Апелација сметаат дека овие обвинети не се лица кои постапувале спротивно на службените овластувања при вршење на кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок“, рече судијата Илија Трпков.