Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки на Алијансата да се обврзат да трошат најмалку 5% од својот БДП на одбраната, што е голем раст од сегашната долна граница од 2%.
Клучното прашање за кое се разговараше на состанокот на министри за одбрана на НАТО е мирот во Украина, додава Мисајловски, но и како членките на Алијансата ќе учествуваат во обновата на Украина. Тоа ќе значи дека и Скопје ќе треба да го помогне Киев.
360° : Еден дел од таа модернизација се потпира на стратешки партнерстав со одредени партнери, земји членки на НАТО. По најавите за кратење и суспендирање на таа надворешна помош на САД –дали е засегната и воената помош за нас бидејќи Вашингтон и Скопје имаат потпишано десетгодишен патоказ за соработка во одбраната, сектор во кој досега Вашингтон има инвестирано милиони долари?
Мисајловски: Да, најмногу се донира поготово во делот на одбраната и навистина сум благодарен и секој што бил пред мене и после мене најмногу значи таа соработка со нашите стратешки партнери бидејќи тие се огромни средства. Немаме најава дека ќе се скрати било каква помош, еве минатата година до крајот на годината заклучивме неколку договори со нашите стратешки сојзуници за различни видови дронови што ќе ги набаваиме од нив, за различна опрема што треба да го промениме оружјето во нашата армија, но и во делот на сајбербезедноста. Тоа се веќе договори што ги започнавме. Со сите најави дека ќе се кратат одредени средства, постои можност и тоа да се случи, но сега конкретно немаме најава дека во делот на одрбаната нешто ќе биде скратено. Останува да видиме бидејќи станува збор за многу грантови што се директни, но има можности во тие фондови да учествуваме целосно со национални средства, што дополнително би земале нова опрема во наредниот период. Тоа се едни од најдобрите договори кои можеме да ги склучуваме, но од друга страна навистина најмногу ни помагаат. Било какава информација која може до нас да стигне дека има намалување на тие средства или суспензија, веднаш се разбира ќе информираме, но ако има такво нешто веднаш треба да почнеме дополнителни средства да одвојуваме за нас за модернизацијата.