Актуелно 24.02.2025 09:49

Реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ и ГОБ „8-ми септември“: Заедничка прес конференција на Мицкоски и Николоски

Реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ и ГОБ „8-ми септември“: Заедничка прес конференција на Мицкоски и Николоски

Премиерот Мицкоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција, информираат од прес службата на владата

-Ве известуваме дека во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје, информираат од владата.