Ретка појава на небо ќе се случи вечерва после 21:30 часот. Месечината ќе биде најдолго целосно затемнета во овој век. Поради прекршувањето и расејувањето на сончевата светлина која минува низ нашата атмосфера, во периодот на целосно помрачување овој природен земјин сателит нема потполно да се изгуби во Земјината сенка, туку ќе добие темно црвена боја. Во сенката на нашата планета Месечината ќе биде од 21.30 до 23.13 часот.