Денеска, во Министерството за одбрана, остваривме проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
- Во мое лично име и во името на Министерството за одбрана, упатив искрена благодарност за нејзината посветена, принципиелна и одговорна работа, како и за значајниот придонес во унапредувањето на билатералната соработка и одбранбеното партнерство. Мандатот на амбасадорката Агелер се одвиваше со континуирана поддршка, лидерство и личен ангажман кои имаа клучна улога во унапредувањето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, модернизацијата на Армијата и спроведувањето на приоритетните одбранбени реформи. Во текот на соработката, амбасадорката Агелер беше препознаена како значаен партнер и искрен пријател на Македонија. Со најдобри желби за успех и лично исполнување во идните професионални ангажмани, изразив уверување дека пријателството и партнерството меѓу двете држави ќе продолжи да се продлабочува, истакна Мисајловски.