Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Даме Груев, Општина Ѓорче Петров.
-Би сакал, исто така, и јас да ја изразам својата благодарност, најпрвин на Министерството за образование и наука што во делот од капиталните инвестиции, вклучува ваков тип на инвестиции, односно во образованието, нешто коешто е многу важно за децата, односно за нашата иднина, изјави Мицкоски.
Тој нотира дека суштината на тоа кога вложувате во образованието, вложувате во иднината на државата.
Исто така, сакам да изразам огромна благодарност до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров што секогаш е подготвен со проекти, коишто се во суштина додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Општина Ѓорче Петров, додаде тој.
„Да се заблагодарам на советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, којашто е тука како логистика секогаш нераскинлива алка од синџирот.
Исто така, сакам да се заблагодарам на пратеникот, на пратениците во македонското Собрание, конкретно и на пратеникот овде во Општина Ѓорче Петров, којшто доаѓа, потекнува од Општина Ѓорче Петров, којшто во рамките на Собранието секогаш се бори за проект повеќе за Општина Ѓорче Петров.
Како што кажав, овој тип на инвестиции се многу значајни за квалитетот на образованието на нашата иднина, тоа се децата.
Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти.
Од ова што можевме да го слушнеме од градоначалникот и во оној неформален дел да го поразговараме, има уште неколку вакви проекти во периодот којшто следи во деновите, во неделите. И секогаш сум тука да ги поздравам овие проекти и да ги поддржиме овие проекти. Така било, така и ќе биде и во иднина.
Уште еднаш благодарност до сите и јас тука би завршил, не би имал што повеќе да кажам, бидејќи најголемиот дел од техничките параметри ги кажа самиот градоначалник и министерката“, потенцира Мицкоски.