Калифорниските власти наредија евакуација на уште 10.000 жители од околината на градот Рединг, каде со денови беснеат шумски пожари.
Околу 10.000 домови се загрозени од пожарот, а над 50.00 луѓе веќе беа евакуирани подалеку од стихијата. Пожарот уби најмалку шест лица, додека тројца се водат како исчезнати.
Над 12.000 пожарникари се борат против вкупно 17 поголеми и голем број помали пожари кои се раширија во овој дел на северна Калифорнија.
Според пожарникарите комбинацијата на сува шума и силни ветрови создава така наречени „огнени торнада“ кои можат да откорнат дрва и превртат автомобил. (МИА)