Актуелно 16.06.2026 11:08

Конвеј-Муре: Со Мисајловски разговаравме за билатералните односи и соработката меѓу нашите земји во областа на одбраната

Конвеј-Муре: Со Мисајловски разговаравме за билатералните односи и соработката меѓу нашите земји во областа на одбраната

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски, вчера во рамки на Меѓународниот саем во Париз, оствари средба со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.

Таа информираше за средбата на социјалните мрежи.

„Средба со министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски, во присуство на македонскиот амбасадор Игор Николов и военото аташе, полковник Новица Стојановски. Разговаравме за билатералните односи и соработката меѓу нашите земји во областа на одбраната“, напиша таа.

На средбата биле разгледани можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка во одбраната, како и зајакнување на партнерските односи меѓу двете сојузнички земји.