Финансии 01.08.2018 11:27

За да се покријат економските штети, Доналд Трамп одобри 12 милијарди долари итна помош за земјоделците

За да се покријат економските штети, Доналд Трамп  одобри 12 милијарди долари итна помош за земјоделците

Целосното спасување на сите индустрии, кои трпат последици од наметнатите давачки, ќе ги чини даночните обврзници во САД импресивни 39 милијарди долари, пишува „CNBC“, повикувајќи се на изјава на Американската стопанска комора.

Таа се противи на царините на стоки во вредност од милијарди долари, вклучувајќи ги и оние за челик и алуминиум, наметнати од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

За да се покријат економските штети, Доналд Трамп неодамна одобри 12 милијарди долари итна помош за земјоделците кои произведуваат одредени стоки, особено соја.

Пакетот помош беше претставен како привремено решение, бидејќи преговорите меѓу САД и Европската унија (ЕУ) продолжуваат, но претседателот беше критикуван и од страна на републиканската партија и земјоделците.

Според Стопанската комора, последиците од наметнатите давачки може да бидат значителни во негативен аспект.

„Најдобар начин да се заштити американската индустрија од штетните последици на трговската војна е да го избегнеме продлабочувањето на оваа трговска војна, како за почеток“, изјави Нил Бредли, потпретседател и главен политички директор на Палатата.

„Фокусот на администрацијата треба да биде насочен кон слободната трговија и да ги елиминираат овие опасни давачки, не да ги распределува парите на даночните обврзници, за да се олесни штетното влијание врз некои индустриски сфери“, смета тој.

Стопанската комора го пресмета вкупниот износ на пакетот помош на 39 милијарди долари, во споредба со износот на извоз на стоки погодени од наметнатите давачки. 12 милијарди долари ќе одат кај земјоделците плус уште 27 милијарди долари за други индустрии.

Не постои индикација од Белата куќа дека размислува да дозволи користење на пакетот за помош и за другите индустрии.

Ако администрацијата одлучи да ги компензира сите засегнати индустрии и пресметките на Стопанската комора се вистинити, вкупната сума може да достигне околу 0,2% од бруто домашниот производ на земјата и речиси 1% од фискалниот буџет за 2018-та година.

Најнови вести