СДСМ ги задолжи граѓаните и идните генерации на Македонија со издавање на државна обврзница на 30 години – нашите внуци ќе враќаат само камата од 19 милиони евра
Актуелна е информацијата дека вчера владата и Министерството на Република Македонија ја задолжи државата за нови 58,5 милиони евра од кои само за издавање на државна обврзница од 30 години граѓаните се задолжени за нови 20 или 19, 5 милиони евра додека се одржа аукција и на државни записи во вредност од 2.400.000.000 денари или 38,9 милиони евра
Ова е второ задолжување на владата овој месец во кој на почетокот на Април се задолжи за 29 милиони евра. Од почетокот на годината владата се задолжи повеќе од 1,6 милијарди евра.
Експертите велат дека ова задолжување не е добро поради фактот дека државната обврзница е издадена на 30 години со камата од 4, 85 % при што вкупно ќе треба да се вратат 39 милиони евра или неверојатни 19 милиони само за камати.
Познавачите коментираат дека должината на временскиот период на државната обврзница е голема и тоа само по себе носи доста неизвесност. Понатаму, се смета дека каматната стапка и не е баш ниска и дека според пресметките 19 милиони евра ќе треба да се вратат во рок од 30 години. 19 милиони евра кои ќе треба да ги враќаат наредните генерации на Република Македонија.
Додатно купувањето на обврзници значи неизвесен период за идно време и издавањето на државни обврзници на ваков подолг рок не е карактеристично и е опасно за земји со ниво на развој како што е Македонија.