Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата на редакцијата на НетПрес дека во Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но кое што се користи во приватни цели.
НетПрес објави фотографии и видео од Грција од теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” кој во моментов го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.
-Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани, одговорија од МВР за порталот.Претходната вест прочитајте ја тука- „НетПрес“: Џип на МВР со четири девојки лета по грчките патиша? (ФОТО+ВИДЕО).