Полугодишниот извештај што го објави Министерството за финансии покажува дека во Министерството за образование за шест месеци биле реализирани само осум отсто од планираните пари за годинава, додека во транспорт и врски само 12,3 отсто од предвидените пари за капитални проекти.
Во образование кое до јуни го водеше министерката која сега седи во министерското столче во Министерството за правда, Рената Дескоска, во првото полугодие се за капитални расходи реализирани се само 2,7 милиони евра, што е фантастично ниски 7,9 проценти од сите пари кои биле предвдиени за годинава.
Слична е ситуациајта и во Министерството за транспорт и врски со кое раководи министерот Горан Сугарески. Имено ова министерство во првата половина на 2018 година реализирало средства во износ 17,3 милиони евра што претставува 17,6 проценти од вкупниот буџет за 2018 година.
Извор: Фактор