Актуелно 09.02.2019 23:32

Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка

Адеми: Ако треба ќе поднесам оставка

Министерот за култура Асаф Адеми во Берлин каде е во работна посета, изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата. Најави и разгледување на сите одбиени апликации.

– За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема проблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи  реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене – вели Адеми.

Тој посочи дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дкеа нема да постапува под притисок на јавноста.

– Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам – вели Адеми.

Смета дека се прават разни манипулации со јавноста оти тој креира национална политика. Рече дека е во постојан контакт со членовите на комисиите и со правната служба во Министерството, а решението го гледа во преиспитување на сите одлуки за апликациите кои што се одбиени.