Актуелно 26.02.2019 11:44

Котевски поднел оставка и извештај за инцидентот во затворот „Скопје“

Котевски поднел оставка и извештај за инцидентот во затворот „Скопје“

Директор на истражниот затвор „Скопје“  Ѓоко Котески  потврди за МИА дека вчера до Владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.

Извештајот за инцитентот, како што рече, го доставил и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции

Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје“, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.

Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017 година. По инцидентот во затворот на Јанакиески му е заменет притворот со мерка „куќен притвор“.  (МИА)