Актуелно 28.01.2019 15:40

Алијанса: Корумпираните функционери на ДУИ ги крадат парите на идните пензионери

Алијанса: Корумпираните функционери на ДУИ ги крадат парите на идните пензионери

Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во Пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор, во периодот 2007-2018 година, реагира Алијансата за Албанците, пренесува „Тетовашот“.

– Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените кои не се префрлени во вториот столб на пензиско осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање на пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека ДУИ тоне во корупција и организиран криминал, стои во соопшртението.

Според Алијансата, ДУИ, преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб пензиско на осигурување.

– Ја потсетуваме јавноста дека во овој период, со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија раководеле Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели, заедно со нивните блиски соработници кои час поскоро треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна – велат од Алијансата.

Партијата на Зијадин Села го прашува премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во Извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција.