Живот 29.10.2018 13:26

Луѓето стравуваат дека ќе мора приватно да ја финансираат својата пензија

Луѓето стравуваат дека ќе мора приватно да ја финансираат својата пензија

Повеќе од половина Австријци помеѓу 18 и 50 години се загрижени поради финансиската ситуација размислувајќи на иднината што би ја имале во пензија, покажува истражување што го спроведе агенцијата „Мајнунгсраум“.

Две третини од испитаниците не очекуваат дека ќе можат да живеат од државната пензија и сметаат дека покрај неа неопходни ќе им бидат и дополнителни приходи.

Приватното пензиско осигурување станува сѐ поважно и 75 проценти од испитаниците веруваат дека ќе мораат приватно да ја финансираат својата пензија.

Жените со поголем песимизам ја дочекуваат пензијата од мажите. Дури 66 проценти од жените се загрижени за нивната финансиска ситуација во пензија, а кај мажите тој удел изнесува 54 проценти.