Актуелно 27.04.2018 11:33

Анѓушев нервозен се заканувал- Знаеш ли кој сум јас ? Тасева со став- Стечајот во„ Фени“ не се води добро

Анѓушев нервозен се заканувал- Знаеш  ли кој сум јас ? Тасева со став- Стечајот во„ Фени“ не се води добро

Пред неколку дена се објави дека ќе има мониторинг за стечајот на „Фени“ и влијанието што го имал актулениот вице- премиер Кочо Анѓушев.

Истражувањето покажало дека непозната компанија добила тендер за обработка на никел, но не е познато кој го потпишал договорот во нивно име. Организацијата ги обвинува стечајниот управник и стечајниот судија за корупција, поради што е покрената и тужба против нив, објави тогаш Тасева. Истрагата е покрената по претставка од фирмата “Cunico Resources” , кои тврдат дека Анѓушев вмешал прсти во нелегален бизнис на компанијата.

Имено, канцелариите на „Транспаренси интернешнл“ во Скопје, Берлин и Брисел ќе го испитуваат влијанието на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, врз стечајната постапка за кавадаречкиот металуршки гигант „Фени индустри“. Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, вели дека случајот го иницирала канцеларијата во Скопје откако добила претставки од повеќе засегнати страни, меѓу кои и од „Кунико рисорсис“, компанија која, според неа, сè уште е заведена како сопственик на „Фени“

Денеска, претседателката на ,,Транспаренси Интернешенел“ за Македонија Слаѓана Тасева на својот фејсбук профил напиша дека Кочо Анѓушев и се заканувал. Во нејзиниот профил стои следново:

„Анѓушев се закани : ќе одам, до крај, ќе те тужам знаеш ли кој сум јас , јас сум најмладиот доктор на науки„

Тасева вели дека таква закана и агресивност не доживеала ни во Авганистан каде некои од луѓето се воени лордови. Тасева вели дека е шокирана.

Таа вели дека очигледно случајот Фени и мониторингот над стечајот вознемирил многумина а најмногу именуваниот. Таа вели дека се прави мониторинг на тоа како се води стечајот денеска и дека таму има сериозни проблеми и индиции дека стечајот НЕ се води добро и дека затоа има паника.