Вчера Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања гостуваше на 1ТВ каде што призна дека лошата економска анкета се должи на зголемување на даноците и поради забелешки во делот на царински тарифи.
-Забелешките беа пред сè за даночната политика и никој стопанственик не му е пријатно зголемување на даноците, пред сè во делот на данокот за персоналните даноци, зголемување на персоналните даноци при делењето на добивките. И исто така значи имаат забелешки во делот на царинските тарифи кои можеби се делумно оправдани. Бидејќи кај нас царинските тарифи сè уште од времето на Социјалистичка Македонија, кога ги штитиме одредени компании што веќе не постојат, појасни Анѓушев.
Анѓушев исто така призна пред македонската јавност дека грешката на владата е што тие изминатиот период беа повеќе фокусирани во надворешната политика, односно промена на името.
Во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ појаснија:
„Фактите говорат дека откако СДСМ е на власт граѓаните живеат се посиромашно. Младинската невработеност е 47,6%, а повеќе од 500.000 жители живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај. Додека во регионот и Европа економиите забрзано растат, ние имаме срамни 2,05%, што е многу далеку од ветуваните 5 или 7%. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите два месеци е мизерни 3,53%, што е показател дека се неспособни да го сработат ни тоа што самите го планираат“.