Банкарство 17.10.2018 23:05

Anna – првата банка наменета за креативни бизниси

Anna – првата банка наменета за креативни бизниси

Британија ја отвори првата банкарска услуга наменета за креативни бизниси наречена Anna и како
што велат од таму, за нив првенствено е важен дизајнот, а потоа технологијата.
Банката ќе има примарна цел да им помага на малите фирми во Британија да ги решат
административните проблеми, пишува Dezeen.
Anna нуди корисничка сметка и апликација што ќе може да издава фактури чија што целна група ќе
бидат креативните бизнис од типот на дизајнери, уметници, хонорарни преведувачи и слично.
Главниот дизајнер Далит Синг за Anna вели дека тоа е всушност комбинација од деловна тековна
сметка, дебитна картичка и хибридна услуга од човек и вештачка интелигенција којашто им помага на
малите бизниси да управуваат со фактурирањето и плаќањата.
Anna се разликува од сличните банкарски услуги чии приоритет е технологијата. Сакајќи да го
направи целото искуство што покреативно и поинтересно за корисниците, тимот вклучи животниски
ликови и звуци. На пример, со секое плаќање со дебитна картичка се слуша звук “мјау“од заштитниот
знак на банката, мачката, а кога се плаќа фактура, фигура на мачка прави интересни движења со
нозете.