Банкарство 15.10.2018 23:34

Зошто вашата кредитна картичка е одбиена

Зошто вашата кредитна картичка е одбиена

Oдбиената кредитна картичка веројатно е еден од најзасрамувачките моменти од нашиот живот, особено ако сте прв во долга линија на клиенти или уште полошо, немате друг начин на плаќање.

Кога касиерката ја поминува вашата кредитна картичка, платниот систем комуницира со издавачот на вашата кредитна картичка за да утврди дали вашата кредитна картичка е валидна и имате доволно средства за трансакцијата. Ако сето тоа е во ред со вашата кредитна картичка, системот испраќа “одобрено” како порака и вашата трансакција завршува. Меѓутоа, во некои случаи, издавачот на кредитна картичка испраќа порака за одбивање на трансакцијата.

Причините зошто вашата кредитна картичка е одбиена се:

  1. Немате доволно слободен кредит;
  2. Банката ви ја блокирала сметката;
  3. Кредитната картичка ви е истечена;
  4. Вие сте жртва на измама, односно некој влегол во банкарскиот систем и ги “собрал„ вашите пари;
  5. Внесувате погрешен пин повеќе од 3 пати.

Во вакви ситуации останете смирени и не ги обвинувајте келнерите и касиерите. Токму спротивното, колку сте посмирени и покултурни кон нив, толку тие повеќе ќе сакаат да работат со вас на решавање на непријатната ситуација.

Одбиената кредитна картичка е секогаш можност. Дури и ако ги извршите сите ваши плаќања на време и да ја држите вашата кредитна картичка во добра состојба, не знаете што се случува на крајот со издавачот на кредитна картичка. Секогаш носете најмалку два начини на плаќање со вас, на пр. кредитна картичка и дебитна картичка. На тој начин нема да наидете на проблем да ја завршите трансакцијата.